Учениците СОУ„Гошо Викентиев” го изработија најголемото велигденско јајце во Македонија
Учениците од машинскиот актив под менторство на професорот Ивица Јорданов, по повод велигденските празници изработија велигденско јајце кое е високо 3,20 метри и тешко 200 килограми што го прави најголемо во Република Македонија.

Јајцето е поставено во градскиот парк во склоп на Велигденскиот хепенинг ,,Сподели радост” и ќе биде прекрасен украс за време на најголемиот христијански празник во годината.


