Учениците од СОУ “Љупчо Сантов” ја добија наградата за идејното решение за прочистување на загаден воздух
Учениците од СОУ “Љупчо Сантов” – Koчани, под менторство на професор Ирена Димитрова Јорданова со нивното идејно решение за прочистување на загаден воздух беа прогласени за финалисти на UPSHIFT програмата и се стекнаa со награда од 120 000 денари.

На кој начин функционира нивното револуционерно решение?
На дното од прототипот имаат имплементирано вентилатор, кој го вшмукува воздухот кон внатрешноста на уредот. Воздухот поминува низ три филтри (мов, лушпи од ориз и активен јаглен). Она што го двои нивното идејно решение се токму лушпите од ориз. Лушпата се јавува како непотребен материјал, отпад при процесот на обработка на оризот. Оризовите ниви се палат a тоа допринесува за зголемена загаденост на воздухот во град Кочани. Токму лушпите од оризот тие ги искористуват во навниот филтер и ги имлементираат како чистачи на воздухот. Следниот слој е филтер од активен јаглен. Вентилаторот поседува моќ да го извлече чистиот воздух, веќе поминат низ претходните слоеви, надвор во околината.
Коцката е фрлена, пораката е пратена, идејата за чисто Кочани е на учениците од СОУ ‘’Љупчо Сантов”.
