Учениците од ООУ “Крсте Петков Мисирков” засадија 59 цвеќиња во чест на прерано згаснатите 59 млади животи
Најтажен Ден на пролетта.
Во чест на прерано згаснатите 59 млади животи денес учениците од предметна настава од нашето училиште засадија 59 цвеќиња во саксии.

Ги наредија во вид на срце бидејќи починатите младинци и нивни другарчиња секогаш ќе останат во нивните срца.

Дворот на училиштето доби 59 миризливи цвеќенца во знак на младите фиданки кои прерано ги изгубија животите во кобната несреќа во дискотеката во Кочани.

Светол да им биде патот на сите златни души кои ги зеде пожарот.

Посакуваме побрзо оздравување на сите кои што се повредени во пожарот.

Сите знаеме дека Кочани и Оризари ги имаат најтешките денови во историјата. Училиштето од понеделник продолжува со редовна настава, а стои на располагање на сите ученици на кои им е потребна психолошка помош или имаат потреба од разговор за да можеме овој период што следува да го надминеме заеднички.



Со почит ООУ “Крсте Петков Мисирков” Оризари