Успешно реализирана 5 дневната турнеја на Фолклорниот ансамбл “Љупчо Сантов” од Оризари во Германија
Заврши 5 дневната турнеја на Фолклорниот ансамбл “Љупчо Сантов” од Оризари во Германија.

Ансамблот имаше настап со изворен фолклор, инструментална изведба со тапани, соло изведба на тамбура, песни и уметнички ора во 3 блока со времетраење од 40 минути во повеќечасовната јубилејна програма по повод 30 години постоење на КУД “Македонија” од Уна во близината на Дортмунд, Германија.

На настанот како гости беа присутни: директорот на Агенцијата за иселеништво, амбасадорот на Македонија во Германија, претставници од конзулати, министерства, локални претставници од општина Уна и други.

Членовите на ансамблот за добредојде беа пречекани од Црковната управа од Македонската православна Црква од Дортмунд и парохискиот свештеник протојереј ставрофор Душко Пецов, со организиран заеднички ручек и од свештеникот добија подароци за спомен.

Слободното време беше искористено за дружење, прошетки и други активности со домаќините од Уна, Германија.

Ансамблот имаше настап и во МПЦО “Св. Петка” во Дизелдорф, по повод нејзиниот патронен празник.

Членовите на ансамблот имаа прилика попатно да направат прошетки и да ги видат убавините на Марибор (Словенија), Прага (Чешка), Крушевац (Србија).

Средствата за патните трошоци се обезбедени од Министерството за култура и туризам, сопствено учество на членовите на Ансамблот и неколку спонзори.








