Успешно реализирана балканска мото-турнеја на мото клубот “Strong Riders” од Кочани
Мото клубот “Strong Riders” од Кочани успешно ја заврши својата планирана турнеја во која членовите со своите мотори поминаа околу 3000 км и вкупно 6 држави од кои: Косово, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Кочанската мото експедиција ја сочинуваа искусни моторџии во состав Марјанчо Митевски, Дејан Ѓоргиевски, Ванчо Михајлов, Стојанче Тодоров, Ристе Митев и Лазар Захариев.

На турнејата остварија дружба со мото клубови од повеќе држави и посетија голем број градови.

Со ова го претставија градот Кочани и нашата држава во најдобро светло.
Од мото клубот упатуваат благодарност до сите спонзори кои одделија средства за реализација на турнејата.
