ТППЕ на Кочани и ДПД го одбележаа Денот на пожарникарството, доделени наградите на најуспешните пожарникари
Територијалната противпожарна единица на Кочани и Доброволното противпожарно друштво со свеченост и доделување награди го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите.


Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година ја доби Влатко Јефтимов од ТППЕ, а наградата за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, му беше врачена на Мирче Павлов од ДПД.

Наградите им ги врачи градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој што им посака секогаш да бидат подготвени за работа, но што помалку да интервенираат.



