Тимот по роботика од СОУ „Гошо Викентиев“ ќе учествува на светското првенство во Мароко, победија на државниот натпревар по роботика во Штип
На државниот натпревар по роботика оддржан денеска во универзитетот Гоце Делчев во Штип, тимот „The Makbot Pioneers“ на СОУ „Гошо Викентиев“ е севкупен победник во сите категории и се пласираше на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Мароко.

Натпреварот се состоеше од 4 категории: игра со роботи, иновативен проект, дизајн на робот и основни вредности.

Темата на овогодинешниот натпревар е Super powered.