Средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ се вратија со нови знаења од областа на енергетиката како учесници во програмата Euroscola во Европскиот Парламент во Стразбург
Вкупно 24 ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ беа единствени македонски претставници на еднонеделната годишна сесија на програмата Еуроскола што се одржа во Европскиот Парламент во Стразбург. Учениците од таму се вратија со нови и поголеми знаења од областа на енергетиката и климатските промени.

Учениците беа предводени од професорот Александар Михајлов, а таму имаа можност да дискутираат, преговараат и разменуваат мислења со своите врсници од другите земји учеснички. Исто така имаа можност да се запознаат и со работата на Европските институции и да разговаарат за европските права и вредности како и за демократијата.
