Средба на в.д градоначалникот Венко Крстевски и младиот талентиран ученик Владимир Грчев
В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со Владимир Грчев, талентираниот млад кочанчанец којшто има многубројни награди од редот на натпреварите по информатика и математика и како дел од Националниот тим по математика на ЈБМО овојпат го освои сребрениот медал.

Владимир годинава по четврти пат е дел од тимовите по информатика за меѓународните олимпијади. Во изминатиот период и во текот на основното образование Владимир има освоено повеќе признанија и медали како што се: два златни медали од Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика и од Македонската Олимпијада по математика, eден сребрен медал на Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика, два бронзени медали на Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика и два бронзени медали на Европската и Балканската Олимпијада по информатика.

Има олимписки пофалници од Балканската Олимпијада по информатика за средношколци, Европската и Јуниорско Балканска, а уште како четвртоодделенец се натпреварувал и три пати досега е државен првак по информатика.
В.д. градоначалникот Крстевски на младиот талентиран Владимир му посака уште многу успеси и извонредни резултати, истакнувајќи дека неговите достигнувања се гордост за општината и државата.

Во знак на признание за неговиот успех, в.д. градоначалникот му подари симболичен подарок и нагласи дека Владимир со своите достигнувања претставува вистински амбасадор на нашиот град, посакувајќи му и во иднина успешно да ја претставува општината и државата на највисоко ниво, на бројни меѓународни олимпијади.