Со промоција на книга и други активности Библиотеката „Искра“ го одбележа Денот на мајчиниот јазик, 21 февруари
По повод Денот на мајчиниот јазик, 21 февруари, во ЈОУ Библиотеката „Искра“ беше промовирана книгата „Молкот на страдањето“ од авторката Ивана Глоѓуновска. Освен промоцијата, кочанската библиотека заедно со издавачката куќа „Збор“,организираше изложба на книги од македонски автори што ги издала споменатата издавачка куќа.

Љубителите на пишаниот збор имаа можност да се запознаат и дружат со некои од македонските автори гости на настанот, Десанка Николова, Александра Андреева, Ивана Глоѓуновска и Емилија Златкова – Анастасова.

-Пред еден месец бевме во Кочани, имавме промоција на една ваша сограѓанка и така се роди идејата повторно да дојдеме во Кочани. Се договоривме со директорката на библиотеката да дојдеме на еден ваков настан во Кочани каде што претставуваме некои од нашите автори. Ние сме издавачка куќа која ги поддржува македонските автори кои ги имаме доста со солидни изданија, а некои се и наградени со книга на годината. Ние како издавачка куќа сме релативно млади, но ги поддржуваме сите нови македонски автори, како и оние кои се веќе афирмирани. Чест и задоволство ми е да го прославиме токму во Кочани овој голем ден Денот на мајчиниот јазик 21 февруари, рече Емилија Златкова – Анастасова, главен уредник во издавачката куќа „Збор“.

Библиотеката „Искра“ секоја година организира низа активности за одбележување на Денот на мајчиниот јазик.



