Сочувство од градоначалникот на Општина Кочани
Почитувани сограѓани, ужалени родители и јавност…
Неизмерна е болката од трагедијата што го снајде Кочани. Страотен е екот на тагата од нашите срца.
Со огромна тага изразувам најдлабоко сочувство за загубата на животите во страшната трагедија што го потресе Кочани. Во овие тешки моменти сите наши мисли и молитви се со семејствата и најблиските на загинатите. Ги правиме сите напори и се молиме за што побрзо закрепнување на преживеаните. Од мое лично име им благодарам на сите поединци, организации и институции од Македонија и од странство кои ја покажаа својата солидарност во трагичниот настан.
Вечна им слава на починатите! Нека почиваат во мир!
Градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов
