Соопштение за медиуми од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Кочани
По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов, Претседателот на Советот, водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните, за денеска свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата.
На координацијата се идентификувани неколку итни и значајни точки кои се од суштинско значење за функционирањето на општината и за животот на граѓаните:
1. Усвојување на одлука за донацијата од компанијата Амфенол за реконструкција на улица во село Тркање;
2. Ребаланс на Буџетот на Општина Кочани; (Ребаланс во кој ќе бидат отстранети сите ставки за привремени вработувања)
3. Одлука за организиран линиски превоз за учениците во општинските училишта.
4. Именување на училишната спортска сала во ООУ ,,Никола Карев” – Кочани во ,,Кочанските Ангели” во чест на трагично загинатите деца во нереќата во дискотеката ,,Пулс”
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека овие точки не смеат да бидат заложници на насилството и деструктивното однесување на поединец. Советникот Аки Акиов со своето однесување го наруши достоинството на Советот и институцијата Општина. Тој го изгуби секое морално право да учествува во понатамошната работа, а неговото присуство е неприфатливо додека не сноси соодветна одговорност. Ги повикуваме сите останати советници, без разлика на политичката припадност, и без разлика на времената функција која ја остваруваат да изградат заеднички став и да дејствуваат во интерес на граѓаните. Советот мора да покаже зрелост, единство и способност за носење на одлуки кои се клучни за секојдневието на жителите на Кочани.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Совет на Општина Кочани
