Сликовницата „Моите здрави навики“ на 7 годишниот Милијан Чаршавски промовирана во библиотеката „Искра“
Денеска во библиотеката „Искра“ во Кочани беше промовирана детската сликовница „Моите здрави навики“ од авторот Милијан Чаршавски, ученик во прво одделение во ООУ „Никола Карев“.

Станува збор за мини прирачник за деца, за здравите навики, кои текстуално автентично се напишани од седумгодишниот Милијан.
Просторот во библиотеката беше претесен да ги прими сите првачиња, другарчиња на Милијан, кои беа посебно радосни и воодушевени што едно мало прваче – нивно другарче се најде на промотивниот пиедестал.
Книгата (мини прирачник) „Моите здрави навики“ станува дел од домашните библиотеки на децата. Сликовницата изобилува со содржини клучни за емоционалниот, физичкиот и менталниот развој на децата, затоа се препорачува да се чита во друштво, но и пред спиење, се додека кај секое дете не останат врежани здравите навики на малиот Милијан.
