Се роди Бојана, првото бебе во Кочани во 2024 година
Емилија Постолова од с. Градец, Виница, синоќа го донесе на свет првото новороденче во Кочани во 2024 година. Третото дете во семејството Постолови е женско, по двете момчиња.
Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Породувањето го извршиле спец.гинеколог акушер Илчо Атанасовски, со акушерките Дивна Илиева и Даниела Поп Ѓорѓиева.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката Емилија и новороденчето Бојана, врачувајќи им ги традиционалните подароци и им посака добро здравје, многу среќа, со желби за среќно и убаво детство на новороденчето, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.
Воедно, градоначалникот ја честита и првата рожба на семејството Постолови од Кочани, бебето Јаков Постолов, родено на 1 јануари во приватната болница Ре-медика во Скопје.

Во текот на 2023 год. на Гинеколошко-акушерско одделение породени се 35 бебиња. Од Општата болница со проширена дејност – Кочани најавија дека во тековната 2024 год. планирано е на одделението да се вратат гинеколози специјализанти со што ќе се подобри кадровската екипираност на болницата. Во моментот болицата располага само со еден гинеколог-акушер и осум сестри -акушерки.