“Св. Атанасиј Велики” Оризари: Света Литургија по повод празникот Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики
По повод празникот пренесување на светите мошти на Св. Атанасиј Велики кај народот попознат како летен св. Атанас, во храмот кој е посветен на Св. Атанасиј во Оризари, утрово се служеше утрена со Света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

Голем број верници присуствуваа на Литургијата и се причестија, се молеа за здравје, среќа и спасение. Митрополитот Брегалнички Г. Иларион зборувајќи за празникот пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики, го истакна житието на Св. Атанасиј.

Во беседата Владиката Иларион го истакна вчерашниот празник на преполовение и го негираше суеверието меѓу народот т.н руса среда.


По Светата Литургија се изврши мал водосвет и се пресекоа славските колачи (кумства) и потоа се делеше благословен ручек.
