Ротари клубот „Кочани – Виница“ донираше 2 тони храна на социјално загрозени семејства
В пресрет на празниците Бадник и Божиќ членовите на Ротари клубот „Кочани – Виница“ со донаторска акција за помош на социјално загрозени семејства. Донираа околу 2 тони храна и средства за хигиена на семејства од Кочани и Виница.

Средствата потребни за донацијата клубот ги обезбеди преку организацијата на донаторската Оризова вечер што ја организираше минатата година.



Со цел донацијата да отиде во вистински раце и кај оние кај кои навистина им е најпотребна помош, акцијата за дистрибуција на пакетите клубот ја реализираше во соработка со невладнините организации „Благородна Мисија“, „Мобилност“, „Воскресение“ од Кочани и „Умиление“ од Виница, здруженија кои најтесно соработуваат со оваа категорија сограѓани, истакна Сашко Андонов, претседател на Ротари клубот „Кочани – Виница“ кој воедно на сите граѓани им ги честиташе Новогодишните и Божиќните празници.

