Рецитали на повеќе јазици – Библиотеката „Искра“ го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката „Искра“ се одржа работилница со учениците од основните училишта од Кочани. Работилницата се реализираше под мотото „Мајчиниот јазик – мост помеѓу мене и тебе“, со цел да се потенцира значењето и чувањето на мајчиниот јазик како и унапредувањето на јазичната и културната разновидност и мултилингвизам.

Основците се претставија со рецитали на македонски, влашки, турски и бошњачки јазик. Директорката на библиотеката „Искра“, Кристина Горгиевска Атанасова истакна дека целта на реализираната средба е меѓусебно запознавање на основците преку јазикот, творештвото и народната култура.

Настанот за одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката „Искра“ се одржува традиционално секоја година, а идејата освен меѓусебното запознавање на учениците беше и да се промовира лингвистичката разновидност како и повеќејазичноста.





