Регионална средба во ЈОУБ „Искра“ за вклучување на македонските библиотеки во Светската мапа на библиотеки
Во ЈОУ Библиотека „Искра” се одржа регионална средба со носителите на проектот „Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност”, Јелисавета Костадиновска, Јана Михајловска и Наум Ѓоршевски.

Проектот е на Библиотекарското здружение на Македонија, а поддржан од Министерството за култура на РСМ, со основна цел, вклучување на библиотеките во Светската мапа на библиотеки (ИФЛА), воочување на реалните услови за работа на библиотеките, а стана збор и за законските регулативи.

На средбата беа присутни претставници од библиотеките од Кочани, Виница, Делчево, Пехчево, Берово, како и библиотекари од средните и основните училишта од Кочани, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево.


