Расул Шапиев, борач на БК “Спартак” избран за спортист на Кочани за 2023 година
Расул Шапиев, борач на БК “Спартак”, е избран за спортист на Кочани за 2023 година. Планинарскиот спортски клуб “Осогово” е најдобра спортска екипа на градот за изминатата година, а Александар Андов е најдобар спортски работник. Најуспешен тренер е Игорчо Каров од КК “Кочани. Спортска личност на годината е Лазар Захариев. Од предложените млади надежни спортисти нема рангирани туку сите ќе добијат еднакви признанија. Вака одлучи Асоцијацијата на новинари од Кочани на денешниот состанок за Избор на спортист на годината за Кочани за 2023 година.

Расул Шапиев е борач на БК „Спартак“ и е избран за спортист на Кочани за 2023 година. Тој во изминатат година има постигнато голем број резултати од кои две први места на Државно првенство во Македонија во категорија сениори, едно први и едно трето место на Меѓународен турнир во Македонија и Турција, 11 место а европско, а 13 место на светско првенство. Член е на Репрезентацијата на Македонија за 2023 година.
Второ место во категорија Спортист на годината според постигнувањата и припадна на Наталија Карова од КК „Кочани“, а третото место му припадна на Мартин Андонов од КГС Кочани.
Планинарскиот спортски клуб “Осогово” беше избран за најдобар спортски клуб на градот за изминатата година, а во 2023 има постигнато големи резултати, како на меѓународни така и домашни врвни искачувања. Најистакнати искачувања во 2023 година е учеството во Меѓународната експедиција во Киргистан на Хималаите со искачување на врвовите Јухин 5130 мнв, Еделвеис 4805 мнв и Разделнаја 6148 мнв. Искачување на Алпите на врвовите Зумштајншпиц во Швајцарија 4563 мнв, Гран Парадисо 4061 – највисок врв во Италија.
Александар Андов е избран за најдобар спортски работник. Тој е претседател на ОФС Кочани – Кочани и под негово раководење ОФС Кочани во изминатиот период ги има консолидирано своите редови на фудбалски план и воведе новитети со што го подигна фудбалот во општината на повисоко ниво.
Најуспешен тренер е избран Игорчо Каров од КК “Кочани“ со освоени 20 медали во 2023 година од кои 4 златни, 9 сребрени, 7 бронзени медали, како и две учества на балканско првенство на двајца натпреварувачи.
За Спортска личност на годината е избран Лазар Захариев кој настапува во „Пауерлифтинг Бенч Прес“ дисциплина и се има закитено со 17 највисоки одликувања. Има освоено први места на светско првенство во Египет, први места на европски првенства во Србија, Црна Гора и Шпанија.
Прогласувањето и доделувањето на признанијата ќе се одржи на 23. Јануари во Хотелот “Национал”, со почеток во 19 часот.