Работилница и изложба на ОРИГАМИ во ЦК “Бели Мугри”
Ве покануваме на работилницата и изложбата на ОРИГАМИ во петок, 16.05.2025 година.
Под менторство на Александар Богданов, со почеток во 10 часот во малата сала, ученици од основните училишта ќе изработуваат ОРИГАМИ.
Изработените ОРИГАМИ ќе бидат изложени истиот ден во „ Салон „ Фоаје 1 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани во 14 часот.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните две седмици.
Проектот е дел од Годишната програма на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани, со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам.
Со почит,
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
