Пуштен во употреба и новиот клон на ДГ „Павлина Велјанова“ во Кочани
Премиерот Мицкоски присуствуваше и на предавањето во употреба на петтиот клон на детската градинка „Павлина Велјанова“, лоциран во населбата Драчевиќ во Кочани.

Изградбата почна пред пет години во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го реализираше тогашното Министерството за труд и социјална политика, а со финансиска поддршка од Светска банка.

-Исто така, во Општина Кочани пуштивме во употреба и градинка, со што вложуваме во најмладите и создаваме подобри услови за нивно растење и развој. Продолжуваме со работа и нови убави вести за граѓаните, истакна премиерот Мицкоски.

За изградбата на објектот Општина Кочани доби грант од околу еден милион евра, а имаше и сопствено учество во подготвителните работи.

Капацитетот на градинката е проектиран за 110 деца, со шест занимални, на две нивоа со вкупна површина од 995 квадратни метри.



