Промовирано поетското творештво на авторката Ана Дедова
Во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани во присуство на роднини и пријатели и голем број љубители на убаво напишаниот збор денес беше промовирано поетското творештво на авторката Ана Дедова.

Промоцијата е во време кога Ана Дедова прославува убав јубилеј, 25 години творештво.
Иако Ана 25 години пишува поезија, а нејзината прва книга го виде светлото на денот во 2012 година, потоа издаде уште четири книги, така што вкупно издадените пет книги се за респект и почитување.

Песни од нејзините дела читаа членови на ЛК „Копнеж“ од Кочани. Модератор на настанот беше Аника Илијевска – Ѓорѓиева.



М-р Љубинка Ајтовска која воедно беше промотор на делата на Дедова ги запозна присутните со нејзиниот начин и стил на пишување додека самата Ана Дедова на еден слободен начин зборуваше за инспирациите кои ги доживува пред да ги напише делата.