Промовирано делото „Протојереј Миладин Михаилов – живот посветен на молитвата“
Во организација на ЈОУБ „Искра“ и Општина Кочани, по повод 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз-2023“, беше промовирана книгата „Протојереј Миладин Михаилов-живот посветен на молитвата“ од авторите Ленче Стојменова и м-р Марјан Гијовски.

Во присуство на семејството на Отец Миладин и голем број присутни, за делото говореа авторите и промоторите д-р Јасмина Дамјановска и Иван Котев.

Станува збор за исклучително значајно дело, во кое преку личните искажувања и кажувањата од обичните граѓани за отец Миладин, говори за големината на неговиот лик и дело, но и за непроценливиот траен белег кој го остави во Кочани, Оризари и околните места.
ЈОУБ „Искра“ – Кочани



