Промовирано делото „Книжевни портрети и рецензии” од Славица Цветкова
Во ЈОУ Библиотека „Искра“ беше промовирано делото „Книжевни портрети и рецензии” од роднокрајната авторка Славица Цветкова.

Станува збор за вредно книжевно дело во кое се поместени портрети, рецензии и творби од кочански, роднокрајни автори.

Промотори на делото беа м-р Габриела Стефановска и Иван Котев, стихови читаа роднокрајните автори Ивана Крстова и Јане Атанасов.

За уметничкиот дел на настанот беа задолжени ученците и професорите на ОМУ „Ристо Јуруков”.

На 02.10.2023г. понеделник, ќе се одржи промоција на најновата книга (раскази) “ЛЕТО СО МИРИС НА ЈАСМИН” од Анче Пешева од Струмица. Промоцијата ќе се одржи во ЈОУ Библиотека “Искра” во Кочани, со почеток во 16 ч. Рецензијата е на Симеон Лихвинцев Скопје, техничка обработка на книгата и дизајн на корицата е Ана Дедова Кочани, уредник на книгата е Ристо Прентоски Струга. Издавач е ИРИС-Струга, печатење на книгата е ИРИС ПРИНТ-Струга. Модератор: Катарина Петрова. Промотор на настанот: Славица Цветкова.



