Промовирана стихозбирката „Мисли и размисли“ од Атанас Георгиев
Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз-2023″ во организација на ЈОУ Библиотека „Искра” беше промовирана книгата „Мисли и размисли”, од роднокрајниот автор Атанас Георгиев.

Промоцијата ја водеше библиотекар Верица Паунова Дамеска, а присутните беа запознаени со содржината на делото од страна на промоторот и рецензент Славица Цветкова.

Стихови презентираа роднокрајните автори Ленче Стоименова и Ивана Крстова.





