Промовирана стихозбирката „Кукла на конец“ на авторката Ивана Крстова
Во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани вечерва беше промовирано поетското дело „Кукла на конец“ на авторката Ивана Крстова.

Делото е првенче на авторката Крстова чиј промотор беше професорот по македонски јазик и литература, Александар Димитров, а рецензент е Румена Тодорова.

-Ова е мојата прва книга. Се состои од песни, односно станува збор за стихозбирка. Се занимавам со пишување песни веќе неколку години. Имам напишано над 100 песни, а во оваа стихозбирка се објавени неколку, се надевам дека ќе ви се допадне, рече авторката Ивана Крстова.

Промоцијата беше збогатена со презентирање на стихови од поетската збирка.

