Промовирана книгата „Оризот во поезијата“ од авторите м-р Љупка Стојменова и м-р Коце Стојменов
Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2023″,во организација на Општина Кочани, ЈОУБ ,,Искра”- Кочани и Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток” – Кочани, вечерва беше промовирана книгата „Оризот во поезијата”.

Автори на книгата се м-р Љупка Стојменова и м-р Коце Стојменов.

Промоцијата ја водеше м-р Марина Гоцевска која пред присутните читаше и стихови од книгата.




