Промовирана книгата „Лето со мирис на јасмин“ од авторката Анче Пешева
Во просториите на ЈОУБ „Искра“ беше промовирана книгата „Лето со мирис на јасмин“ од авторката Анче Пешева. Книгата е пишувана подолг временски период, а идеата за промоција на книгата во Кочани, техничка обработка и дизајнот на корицата е потпомогнато од Ана Дедова. Модератор на настанот беше Катарина Петрова, а промотор Славица Цветкова. Рецензент на книгата е Лихвинецев Симеон.

-Тоа е книга со раскази, значи неколку раскази се вметнати таму, а имам и автобиографски раскази. Другите се пишувани во различен временски период. Книгата не е пишувана во еден момент, туку подолг временски период, истакна Анче Пешева авторка на книгата.

„Лето со мирис на јасмин“ е нејзина деветта книга, има објавено и онлајн изданија на книги, а пишува и поезии. Промоцијата на книгата беше спроведена во библиотелката „Искра“ во соработка со Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани.



