Проекции на филм, целовечерен концерт на „ДУО СКУПИ“ и изложби – богата програма во наредните денови во ЦК „Бели Мугри“ Кочани
Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани
Ве поканува да го проследите филмот “М”
27. и 28. Октомври почеток 19 часот
Влез 150 денари
Траење на филмот: 99 Минути
Земја / година HRV, FRA, RKS, LUX, MKD/2023
Жанр Драма, Фантазија
Глумци Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска Трајкова, Владимир Тулиев, Оливер Митковски
Режија Вардан Тозија

На 31.10.2023 година ќе се одржи целовечерен концерт на фантастичното
ДУО СКУПИ
Салон фоаје 2
Влез бесплатен
Програма:
1. Со маки сум се родил јас
2. Не си го продавај Кољо Чифлигот
3. Се посврши Сербез Донка
4. Јано Мори
5. Море Сокол
6. Касапско оро
7. Си заљубив едно моме
8. Пајдушко оро
Сите дела се аранжирани за флејта и виолина од Ермаљ Мехмети.

Национална установа- Центар за култура
“Бели мугри”- Кочани Ве поканува да ја проследите поставката од самостојната изложба „Византија видена денес“ на уметникот Бранислав Петриќ- Бане.
Проектот е дел од годишната програма на институцијата за 2023 година под целосно покровителство на Министерството за култура на РСМ.
01.11.2023 година
Салон фоаје 2 при НУЦК “Бели мугри”- Кочани
почеток 19 часот
Влез слободен
Бранислав Петриќ (Земун, 1959)
Дипломирал сликарство на Академијата за ликовна уметност во Нови Сад (1984). Слободен уметник. Од 1984 до 1991 година. Живеел и работел во студиото во Петроварадинската тврдина, каде соработувал со групата ЕМИСАО и композиторот Борис Ковач. Се занимава со сликање и скулптура. Во 1991 година заминал за Италија (Рим) каде, покрај неговата вообичаена уметничка пракса, се занимавал и со реставрација на икони. Во последните 15 години, тој е член на уметничката група HAPPY TRASH PRODUCTION (HTP), која сé уште е активна.

Националната установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани во делот на превземање на изложби, Ве поканува да ја посетите и погледате поставката на делата од “МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ЃУРИШТЕ” 2023година.
Проектот е дел од годишната програма на установата за 2023 година под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Традиционалната Ликовната колонија “Ѓуриште” е со меѓународен карактер, а годинава одржа во периодот од 7 – 12 август и на истата учество зедоа 10 ликовни уметници и тоа од Република Србија, Црна Гора и Литванија, како и од нашата земја од:Прилеп, Куманово и од градот домаќин -Свети Николе.
Делата се изработени во акрилна техника. Уметниците за време на ликовната колонија имаа создадено дела различни по стил,различни по својата индивидуалност и реализација, но под едно обединување со творење до другарување.
Отворањето е на 3. Ноември (петок) во 12 часот со Салон фоаје 1
