Продолжува уредувањето на зелените површини во Кочани
Комуналните служби од Општина Кочани продолжуваат со косењето и уредувањето на јавните тревни површини во Кочани.

Eкипите работеа во месностите Бавчалук и Тикешински Лозја, на локацијата на Панаѓурот, каде што се доуредуваа косините на теренот, кај Ловниот дом и Салата за гимнастички спортови „Партизан“, во околината на објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ кај „Руен“, на западната страна од Трговскиот центар блок А.

Исто така се уреди и разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“ и дрворедот на „Роза Петрова“ кај „Белведере“ и на други локации.

Одделението за комунални дејности во Општина Кочани ги повикува граѓаните да дадат поддршка во одржувањето на зелените површини – да не ги загадуваат и уништуваат тревниците, дрворедите и поставената урбана опрема.



