Програмски содржини по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани
По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани, Општина Кочани во текот на претстојниот викенд организира програмски содржини.
На 7 септември на Споменикот на слободата во Кочани ќе настапи музичката ѕвезда Владо Јаневски. Концертот ќе се одржи со почеток во 21 часот.

На 5 септември, со почеток во 12 часот во Мултикултурниот центар – Кочани, ќе се одржи Свечената седница на Советот на Општина Кочани, каде ќе бидат врачени највисоките општински награди и признанија – Наградата за животно дело и Наградата за значајни остварувања.
Кошаркарскиот турнир 3х3 којшто се организира неколку последователни години, годинава ќе се одржи на 6 и 7 септември на теренот на СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.
