„Приказни од ‘петка’ “ – промовирана збирката раскази на авторката Соња Драгољуб Гиздавиќ
Во Салон Фоаје 1 на Центарот за култура „Бели Мугри“ вечерва беше промовирано делото „Приказни од ‘петка’ “ на авторката Соња Драгољуб Гиздавиќ.

Станува збор за збирка раскази кои авторката ги има слушнато во текот на животот, инспирирани од секојдневни случки и настани раскажани од патници возејки се во автобусот со број 5 во Скопје, како што е и насловот на прозното дело.


Делото го промовираа м-р Доне Донев и м-р Габриела Стефановска, а извадоци од книгата читаа Љупка Јорданова и Анастасија Михаилова.