Презентирани резултатите од проектот „Следи го успехот“ во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
На завршниот настан, одржан во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, беа презентирани резултатите од проектот „Следи го успехот“.

На дисеминацијата учествуваа 40 ученици и наставници, кои ги споделија своите искуства и впечатоци од проектот.
Проектот беше финансиран од програмата за мобилност Еразмус+ на Европската Унија и се спроведуваше во текот на последните две години во Кочани (Северна Македонија), како и во Карџали и Бургас (Бугарија).

Од СОУ „Љупчо Сантов“ активно учествуваа 6 професори и 40 ученици, кои значително придонесоа кон успехот на проектот.
Главната цел на проектот беше да ја поддржи и промовира Европската димензија на локално ниво преку зајакнување на младинското лидерство и активно вклучување на младите во социјалните и демократските процеси.
Проектот се фокусираше на создавање алатки за унапредување на лидерските вештини на младите, зголемување на нивната дигитална компетентност и мотивирање за активно учество во општествените активности.

Во рамките на проектот беа реализирани различни активности, вклучувајќи работилници и пет краткорочни размени на ученици и наставници.
За секоја активност, членовите на проектниот тим изработија видео материјали и презентации, кои дополнително ги истакнаа постигнувањата и придобивките од проектот.

Овој проект остави значајно влијание врз учесниците, поттикнувајќи ги да станат лидери во своите заедници и да продолжат да работат на унапредување на општеството во духот на европските вредности.