Пред кочанската јавност промовирана поетската збирка „Раѓање на светлината“ на авторката Марина Гоцевска
Пред љубителите на пишаниот збор во Библиотеката „Искра“ беше промовирана поетската збирка „Раѓање на светлината“ четврта книга на авторката Марина Гоцевска од Кочани.

-Книгата содржи 42 песни во кои што се зборува за љубовта, секојдневнието и животот во пандемијата. Книгата ја создадов за време на пандемијата кога всушност сфативме дека постои еден живот и здравјето и среќата е пред се, рече авторката Марина Гоцевска.

Промотор и рецензент на книгата беше Ленче Стоименова, а исечоци читаа членови на Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани.


