Превентивни здравствени прегледи по повод Светскиот ден на борба против мозочниот удар – 29. Октомври
Општата болница со проширена дејност – Кочани го одбележа 29. Октомври Светски ден на мозочниот удар. Д-р Маја Шоповска Китанова и Д-р Кристина Серафимова со поддршка на екипа од Невролошкиот тим на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани вршеа превентивни прегледи во кругот на установата.

Прегледите се состоеја од мерење на крвен притисок и гликемија, а воедно при вршење на прегледите беа делени и совети за превенција и унапредување на здравјето на граѓаните.


