Прво место за Лазар Захариев од Кочани со подигнати 200 кг. во Мастер 2 категорија на Светскиот куп во Словачка
Лазар Захариев се закити со уште еден извонреден успех на меѓународната спортска сцена.
Тој со подигнати 200 килограми во Светскиот куп во pawerlifting Bench Press GPC, го освои првото место, што му овозможи да се стекне со престижната Master 2 категорија.
Ова е едно од најсилните натпреварувања што се организираат во Европа со учество на над 900 натпреварувачи, а домаќин беше градот Трнава во Словачка.
Захариев е презадоволен од спортскиот подвиг, до кој немаше да стигне без поддршката на Општина Кочани и двете најдобри компании Амфенол и Антура.
