Први и втори награди за учениците од ОУ “Малина Попиванова” на државни натпревари
Учениците од предметна настава од ОУ „Малина Попиванова“ изминатиов период учествуваваа на Државни и регионални натпревари на кои имаат освоено повеќе награди и признанија.

По тој повод менторите ги презентираа успесите на основците и притоа истакнаа дека за нив тоа преставува дополнителна мотивација за поголеми успеси во иднина.


-Ученичките Илијана Стојилкова и Кристина Крстова од IX одд. од нашето училиште, на 16.03.2024 во финалето на националната Олимпијада по германски јазик, оддржана во гимназијата “Георги Димитров” – Скопје постигнаа одлични резултати. Честитки на Илијана Стојилкова за нејзината освоена втора награда на овој Државен натпревар, рече Ивана Велкова, наставник по германски јазик во ОУ”Малина Попиванова”.


-На 11.05.2024 год. се одржа државен натпревар за хорови и оркестри. Оркестарот од ООУ “Малина Попиванова” го освои високото прво место со 99 поени. Постигнатиот успех е резултат на голема посветеност и трудољубивост на учениците, рече Кристина Петрова, наставник по музичко во ОУ “Малина Попиванова”.


-На државниот натпревар по математика одржан на 11.05.2024 ученичката Илијана Стојилкова од 9-то одд го освои второто место.Честитки и многу успеси во иднина, истакна Милена Стоилкова Серафимова, наставник по математика во ОУ “Малина Попиванова”.

-Горд сум на ваквите резултати постигнати од учениците и наставниците кои навистина вложија голем труд. Сакам да истакнам дека во тек се уписите на првачињата, сите доаѓаат на време, досега имаме запишано 30 првачиња, се надеваме дека до крајот на мај ќе ја исполниме бројката од 70 првачиња, истакна Благој Петров, директор на ОУ “Малина Попиванова”.
Во делот пак на подготовката менторите додадоа дека се подготвувале подолг временски период, за кои сведочат веќе освоените награди.