Прва награда за ФА „Китка“ од Истибања на Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“ одржан во Радовиш
Најдобри меѓу најдобрите. ФА „Китка“ од Истибања уште еднаш ги покажа своите квалитети и дека е вистински репрезент кога станува збор за претставување на македонскиот фолклор и традиција. На Меѓународниот фолкорен фестивал „Велигденски средби“ во Радовиш, во силна конкуренција од 18 ансамбли од Македонија, Косово и Бугарија, го освои првото место. Стручното жири составено од професионални кореографи и дипломирани етнокореолози оценуваше најдобра изведба, најдобра носија, најдобро одиграно оро, но се земаше предвид и оркестарот, обичаите, вокална изведба и слично. Во сите категории најдобри беа играорците од ФА „Китка“ бидејќи покажаа обичај „Ноќ спроти Ѓурѓовден“ со Ѓурѓовденски собор поврзан со соодветни ора и песни, покажаа најдобри носии, најдобра изведба и вокална и инструментална со копмлетен оркестар.



Раководотелот на ФА „Китка“ Стојко Митковски рече дека е презадоволен што победија и што жири комисијата, но и публиката знаеја да го одберат најдоброто.

Овој ансамбл години наназад од своето постоење до денес, успешно го претставува македонскиот фолклор во државата и надвор од границите на Македонија и на сите континенти. И оваа година следуваат богати турнеи надовор од државата.



