По објавата на sito.mk за помош за Сане Трајчов од с. Бели, Здружението за солидарност „Анка“ од Кочани донираше покуќнина
По објавата на sito.mk за 45 годишниот Сане Трајчов од с. Бели кој живее сам во мала распадната куќа и кој бараше помош од хуманите граѓани да му помогнат, од Здружението за солидарност „Анка“ од Кочани веднаш се јавија за помош и му помогнаа со средување на внатрешноста на неговата куќичка.

Однесоа дел од покуќнина, како и обувки и облека кои ќе му бидат од голема корист на Сане.

Во меѓувреме во редакцијата на sito.mk се јавија и други хумани граѓани кои донираа облека и храна за Сане.

Сане се израдува на нивната помош и уште еднаш ги замоли сите хумани граѓани кој може да му помогне. Најголем приоритет е да се направи ѕидот од едната страна на куќата кој е во многу лоша состојба. Купатило нема ниту тоалет, во корито се бања понекогаш. Останува и без леб, по неколку дена не јаде ништо бидејќи нема.

Ги замолува сите хумани граѓани кој со што може, храна, градежен материјал, брашно, облека, дрва, да му помогне, се е добредојдено бидејќи нема ништо.

Хуманите граѓани можат да донираат помош за Сане на неговата жиро сметка во ТТК банка 290500021947052