Појаснување од организаторот – ИМД продукција за настапот на Цеца во Кочани
ИМД Продукција прати известување до граѓаните во врска со концертот на Цеца во Кочани. Ви го пренесуваме во целост.
„Да нема недоразбирање. Поради одредени рекации во јавноста чувствуваме за обврска да ја појасниме соработката со Општина Кочани во делот на подготовката на големиот спектакуларен концерт на Цеца Ражнатовиќ. Имено, како и што информиравме, повторно објаснуваме дека воопшто не станува збор за финансиска поддршка од страна на општината, ниту за било какви финансиски средства кои општина Кочани ги издвојува за одржувањето на концертот, туку за логистичка поддршка која ни беше од огромно значење. Општина Кочани ни овозможи користење на стадионот „Никола Мантов“, а ќе ни помогне и околу расчистување на теренот за паркинг простор. Тие се изјаснија дека си имаат свои програмски активности во рамки на Петровденските празнувања кои допрва ги планираат и за кои ќе бидете запознаени преку нивната програма за одбележување на Петровден – празникот на градот. Ние продолжуваме со активностите околу големиот спектакуларен концерт на Цеца Ражнатовиќ со голем ентузијазам и се надеваме на масовна посетеност“.
ИМД продукција Кочани
