„Портрет на еден архитект“ – Изложба во чест на архитектот Александар Сане Гицов
Во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата посветена на градскиот архитект Александар Сане Гицов, под наслов „Портрет на еден архитект“.

На изложбата беа поставени макети и модели на дел од архитектонскиот опус на Гицов. Станува збор за објекти на архитектот работени и во родниот град Кочани, како зградата на ЗОИЛ – Македонија, денешен Хотел „Сити Ин“, Етно куќата во Кочани, Манастирот Св. Спас во Полаки, споменикот на Никола Карев кај Тркање и други архитектонски зданија.

Настанот е со хуманитарен карактер и собраните средства од донации ќе бидат наменети за обезбедување на училишен прибор за ученици од социјален ризик.
Александар Гицов како архитект остави значаен белег во Кочани. Неговите стручни и уметнички способности беа препознаени и одликувани со многу меѓународни награди, меѓу кои е наградата за најдобар млад архитект, во Белград, во средината на осумдесеттите години на минатиот век.
Годинава седмосептемвриската наградата на град Кочани за животно дело постхумно беше доделена на архитектот Гицов.
