Пијанистот Емил Рибарски одржа солистички концерт пред кочанската публика
Во Мултикултурниот центар со свој солистички концерт пред кочанската публика се претстави пијанистот Емил Рибарски.

Концертот е во организација на ОМУ „Ристо Јуруков“ а на програмата беа дела од Шопен и Лист. Од Франц Лист се најдоа Две пиеси – Приспивна и Сиви облаци а од Фредерик Шопен 24 Прелудиуми оп.28.

Рибарски е добитник е на бројни први награди на државни и меѓународни натпревари. Особено значајно за неговиот уметнички развиток е неговото усовршување на Државниот Конзерваториум „П.И.Чајковски“ во Москва во класата на проф. Андреј Диев.

Емил Рибарски активно концертира на меѓународните сцени во Русија, Италија, Турција, Грција, Шпанија, Србија, Франција, Португалија, Шведска, Германија.
