Панел дискусија „Европеизација на Македонија – Дали сме на добар пат?” во организација на Ротари клубот Кочани-Виница
Вечерва, Ротари клубот Кочани-Виница и Панeвропска Унија на Македонија во „Прогресив Академија Виница“ одржаа панел дискусија на тема „Европеизација на Македонија – Дали сме на добар пат?”.

На настанот присуствуваа членови на клубот, лици од бизнис секторот, познати политички имиња и аналитичари од државата, градоначалниците на двете општини, Претседателот на Паневропската Унија на Македонија, Амбасадорот Андреј Лепавцов како и директори на институции.
Панелисти на дискустијата беа Марјан Ѓорчев – Амбасадор и поранешен министер, Глигор Цветанов – Генерален директор на „Макпрогрес“ – Виница и член на Ротари Клуб Кочани-Виница, Марјан Бојаџиев – Ректор на Американ Колеџ – Скопје, Љубомир Кекеновски – Професор на Економски Факултет – Скопје и Александар Шопов – Судија во Апелационен суд – Скопје и член на Ротари Клуб Велес.

За заклучоците од панел дискусијата зборуваше претседателката на Ротари клубот Кочани-Виница, Ангела Соколова.
На панел дискусијата беа истакнати искуства во врска со реалните и искористените можности на нашата земја: економските, еколошките, инфраструктурните, урбано – руралните, спортско-рекреативните и други.
