ОУ “Никола Карев“ и библиотеката “Искра” реализираа проектна работилница на тема „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“
Ученици од петто одделение од ОУ „Никола Карев“ во училишната библиотека реализираа проектна работилница на тема „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“.

Целта на настанот беше да се создаде мотивација кај децата да се поврзат со јавните библиотеки и од нив да позајмуваат книги.

Иста активност, како и во ОУ „Никола Карев“ се одржа и во библиотеката „Искра“ со учениците од Основните училишта „Rаде Кратовче“ и „Св. Кирил и Методиј“.

На учениците, училишни библиотекари, училишта, библиотекари, директори и јавни библиотеки кои беа дел од работилница им беа доделени сертификати за учество.

Проектот „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“, е финансиран од Министерството за култура и е активност од национален интерес.

