ОУ „Крсте Мисирков“ – Оризари го одбележа раѓањето на патронот
По повод патрониот празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ пред бистата на патронот во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе.

Цвеќе положија претставници од Локалната самоуправа на Кочани и градоначалникот Љупчо Папазов, ученици, вработени и директорката на училиштето.

Положувањето цвеќе по повод патрониот празник претставува свечен чин со кој се одбележува животот и делото на големиот македонски филолог, преродбеник и борец за македонскиот јазик.

Учениците од ликовната секција насликаа прекрасни дела и ги подарија на градоначалникот и претставниците од локалната самоуправа.

Положувањето цвеќе е симболичен гест на почит и благодарност кон делото на Мисирков и претставува потсетување за значењето на македонскиот јазик и култура.

На настанот претходеше свечена академија што се одржа во петокот и на која сите ученици испратија посебна порака за значењето на зачувувањето на традициите и културното наследство, што ги инспирира идните генерации да го продолжат патот на знаење и самопочит.


