Отворени денови во СОУ “Гошо Викентиев”
СОУ „Гошо Викентиев“, Кочани ги отвори вратите за деветтооделенците. На 26 и 27 мај организира отворени денови со цел да се запознаат со светот на стручното образование.



Училиштето ги отвори вратите за сите основци, родители и заинтересирани посетители кои сакаат да видат како изгледа практичната настава и секојдневието на учениците во Гошо Викентиев.



Деветтоодделенците имаа можност да видат демонстрации од учениците, да се запознаат со наставните програми, да поразговараат со професорите и учениците, да добијат информации за запишување и профилите што ги нуди училиштето.

