Основното училиште „Раде Кратовче“ го одбележа патрониот празник
Со оддавање почит на патронот Раде Кратовче и со свечена програма, основното училиште што го носи неговото име одбележа 80 години од неговата смрт.

Свежо цвеќе пред бистата на Кратовче во училишниот двор положија градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, повеќе делегации, како и членови на семејството на Раде Кратовче.

Директорот Глигор Гацовски, во своето обраќање истакна дека ова е најстарото училиште во Општина Кочани, кое претставува расадник на еманципирани и образовани луѓе, училиште кое секогаш е настроено кон напредок за поквалитетни услови за работа и учење на наставниот кадар и учениците.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, покрај наградите на учениците кои подготвиле најуспешни литературни и ликовни творби, беа доделени признанија на наставници за континуиран работен стаж и особен успех во воспитно-образовниот процес и афирмација на училиштето.




