ОО СДСМ Кочани тивко и достоинствено ја одржа изборната конференција
Членовите на ОО СДСМ Кочани денес во МКЦ Кочани одржаа изборна општинска Конференција.
Со едноминутно молчење за трагично загинатите жртви во дискотеката “Пулс”, избор на работни тела и предлози за партиски органи се одржа општинската конференцијата на која се избраа ИО и НО на ОО СДСМ Кочани.

Претседателот на ОО СДСМ Кочани, Игор Христов се заблагодари за укажата чест и доверба, а воедно и големата обврска да се раководи општинската организација.

-Сите заедно, масовно, здружени и сплотени со нашиот социјалдемократски дух ќе се заложиме за надминување на тешкиот и трауматичен период за Кочани рече Христов.

На изборната општинска конференција присуствуваше делегација од централното раководство со претседателот Венко Филипче. Во неговото обраќање искажа несебична поддршка, потенцирајќи дека не е важен само социјалдемократскиот член туку секој поединец од Кочани и СДСМ во овој сензитивен период е со нас.


