ОМУ „Ристо Јуруков“ со празничен концерт по повод Денот на жената
Учениците и професорите од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одржаа празничниот концерт со наслов „За нашите мајки“.
Настанот се реализираше во големата сала на Мултикултурниот центар, при што предизвика големо внимание на публиката, а која со силен аплаус ги поддржуваше малите музичари.

Директорката на училиштето, Марија Лазарова истакна дека концертот го реализираат втора година по ред, а целта е да се прикаже значењето на мајката.

-Вечерва на концертот учествуваа учениците од сите класи при училиштето, а тоа се гитара, хармоника, флејта, пијано и орекестарот на традициски инструменти, како и хорот при нашето училиште. Мислам дека ова беше една прекрасна честитка за сите мајки и за сите оние кои вечерва беа со нас заедно. Се надевам дека и во иднина ќе ја зачуваме оваа традиција по повод празникот на жената.

Од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ најавија дека на крајот од месецов ќе го одбележат денот на пијаното во нашиот град но, на покана на Државниот музички центар „Сергеј Михајлов“, кочанските музичари ќе гостуваат и во Штип.

