Од 6. до 11. ноември Саем на книгата во библиотека „Искра“
Во понеделник 6 ноември 2023 г., во 12 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани ќе биде отворен 17. по ред Саем на книга. Саемот ќе биде отворен и достапен на пошироката јавност од 6 до 11 ноември, од 10 до 18 часот, на кој со свои изданија ќе учествуваат 13 издавачки куќи.
